
Фудбалскиот клуб Брегалница Штип ќе ја одржи првата официјална прес-конференција за сезоната 2025/26 во среда (23 јули), со почеток во 13:00 часот во просториите на Градскиот стадион во Штип.
На оваа средба со медиумите, штипскиот второлигаш ќе го претстави целосно новото раководство на клубот, како и новиот стручен штаб кој ќе ја води екипата во престојната сезона.
Свој збор на пресот ќе имаат градоначалникот на Штип, новото раководство, новиот шеф на стручниот штаб.
Покрај презентацијата на раководството и стручниот штаб, на прес-конференцијата ќе бидат соопштени и амбициите на Брегалница за иднината, деталите околу новиот ростер, плановите за функционирање на клубот и планираните соработки со Општина Штип и приватниот сектор.
Александар Ванев, М-Нет