Oд плински шпорет настанал пожар во куќа во Штип, 83 годишна баба со изгореници


На 15.07.2025 во 14.21 часот во СВР Штип било пријавено дека од плински шпорет настанал пожар во куќата сопственост на Е.Л. од Штип. Притоа, со изгореници се здобила неговата мајка М.Л.(83) од Штип, кој се обидела да го изгасне пожарот и била пренесена во Клиничка болница Штип. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат и за настанот бил запознаен јавен обвинител.