
Голема е заинтересираноста на странски студенти кои своето високо образование го почнуваат и завршуваат на УГД Штип. Според последната изјава на рекотор, Дејан Мираковски, меѓу студентите има и од Индија, Блангладеш, Египет, со што се покажува дека интересот е голем, а исто така и квалитетот на образование кое се нуди.
„Интерес има, ние имаме студенти од цел свет, имаме студенти од Индија, Бангладеш, Египет, од Афричките држави“ – вели Мираковски.
УГД Штип изминатиот период ја подобри и збогати својата програма за студентите, а стана дел и од европската Алијанса на унивзеризтети со што се добива европски призната диплома. Токму затоа се зголемува и бројот на студенти од странство, од повеќе држава од целиот свет.
„Интерес, не само од тие држави, имаме студенти и од Германија, Америка, Норвешка“ – додава Мираковски.
Во меѓувреме од 20 до 22 август е првиот уписен рок на студенти на УГД Штип, при што за редовни студенти се слободни над 2100 места. Се очекува голема заинтересираност бидејќи се нудат поволности за студентите, квалитетно образование и европски признати дипломи.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет