
Малаксаноста, главоболката, но и болките во стомакот ги полнат матичните ординации. Високите дневни температури и понатаму влијаат врз здравјето на граѓаните. Дополнително, се појавуваат проблеми со крвниот притисок, колапси, нагони за повраќање.
„Најчесто во последно време се жалат на малаксаност, главоболки, болки во стомакот, течни столици, нагони за повракање. Поради високите температури се појавува нисок крвен притисок, колапси поради несоодветна хидратација“ – вели Митрова.
Иако организмот си прави методи и начини за прилагодување на телесната температура со надворешените постојани температурни разлики, сепак кај хронично болните ова се одразува врз нивното здравје.
„Тој си прави еден баланс, но оние кои се хронично болни, кои имаат потреба од терпаии и те како ги чувствуваат овие драстични промени и се одразува на нивното здравје со варијација на крвниот протисок, забрзана срцева работа, малаксаност, поспаност.“ – вели Митрова.
И кај лицата кои не се хронично болни има можност за појава на овие симптоми овој период од годината. Затоа се препорачува да не се излегува на отворено во периодот од 10 до 17 часот, ако за тоа немаат потреба.
И понатаму остануваат препораките од лекарите да се пие многу вода, да се носи лесна облека, шешир или капа и да се консумира лесна храна.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет