
Македонија има свои четири претставници во европските натпреварувања, Шкендија како шампион игра во квалификациите за Лигата на шампионите, додека пак Силекс, Работнички и Вардар играат во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.
Екипите ги добија противниците, Шкендија ќе игра против ТНС од Велс, вицешампионот Силекс ќе се соочи со Дечиќ од Црна Гора, Работнички ќе игра против Торпедо Белаз од Белорусија, а пак Вардар ќе игра против Ла Фиорита од Сан Марино.
Доколку Шкендија триумфира и обезбеди второ коло од квалификациите на Лигата на шампионите ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Стеауа Букурешт од Романија, европски првак од 1986 година, клубот го смени името во ФЦСБ, но е правен наследник на славната Стеауа Букурешт или Интер Есалдес од Андора, но извесно е дека романскиот тим ќе биде подобар и ќе оди во следното коло.
Ако Шкендија загуби од ТНС од Велс, тогаш ќе оди во второто коло од Конференциската лига на УЕФА и ќе се соочи со Дрита од Косово или Диферданж од Луксембург.
Доколку Силекс триумфира над Дечиќ од Црна Гора ќе им силен против во второто коло бидејќи ќе оди на мегдан со Рапид Виена од Австрија што ќе биде голем фаворит.
Работнички доколку го помине првото коло протоив Торпедо Белаз од Белорусија ќе оди против Макаби Хаифа од Израел.
Вардар доколку биде подобар во првото коло против Ла Фиорита од Сан Марино, ќе се соочи со Лозана од Швајцарија.
Александар Ванев, М-Нет