СДСМ Штип повторно на прес со обвинување до локалната власт

Помина речиси една година откако булеварот Партизанска е оставен раскопан и неасфалтиран – истакнаа денеска на нова прес конференација од ОО на СДСМ Штип. Од таму велат дека овој булевар мора под итно да се асфалтира, упатувајќи низа прашања до Локалната Власт.

„Поставуваме јавно прашање: Дали намерно се чека овој проект да се заврши само неколку дена пред избори, за да послужи како евтина предизборна пропаганда? Или пак ова е само уште една потврда дека градоначалникот Јорданов не е способен да реализира ниту еден проект од својата изборна програма? Штипјани заслужуваат реализирани проекти, а не импровизации и лажни ветувања.“ – велат од СДСМ.

Во изминатите повеќе од три години се работи на проекти и проблеми накои никогаш претходно не се работело – вратија од Општина Штип.

„Во изминатите три ипол години се реализираат проекти и се решаваат проблеми кои се создадени во минатото. Продолжуваме со работа на сите локации на кои никој претходно не работел. Има разлика од работа и читање прес конференции“ – вратија од општината.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет