
Утре првпат оваа сезона ќе се прска против комарци во Кочани и кочанско. Ќе се спроведе превентивна терестичка дезинсекција на подрачјето на Општина Кочани, како општа противепидемиска мерка.
Во вечерните часови (од 20 ч.) стручна екипа на Центарот за јавно здравје Скопје ќе ја реализира првата фаза од превентивното земјено дезинсекциско третирање за заштита од комарци, со кое ќе бидат опфатени 300 хектари на локации на подрачјето на градот Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.
Во меѓувреме в.д. градоначалникот, Крстевски, истакна дека ќе се зголеми обемот на авионско прскање, а побара помош од Владата за да се прска против комарци и на Пониква.
„Во следните денови ќе има прскање против комарци. Исто така во процедура сме да го зголемиме обемот на прскање, однонсо наместо две авионски прскања да имаме четири. Сакам да пратам апел, поднесов и официјално службено барање до Владата да ни помогне во делот на јонското прскање пред се на Пониква“ – вели Крстевски.
Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд), дезинсекцијата ќе се одложи за следниот поволен период.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет