Македонските фудбалски претставници во Европа ги добија своите противници

ФОТО: ФК Шкендија

Денес беа извлечени ждрепките за првото квалификациско коло во европските натпреварувања, со што македонските претставници кои обезбедија „виза“ за Европа, ги добија противниците.

Шампионот Шкендија ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, а во првото коло ќе се соочи со ТНС од Велс.

Вицешампионот Силекс кој ќе игра во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА го доби тимот на Дечиќ од Црна Гора.

Работнички минатата сезона беше трет и обезбеди квалификации за Конференциска лига на УЕФА, а ќе игра против Торпедо Белаз од Белорусија.

Вардар како освојувач на Купот на Македонија ќе игра квалификации на Конференциската лига на УЕФА, а во првото коло ќе игра со Ла Фиорита од Сан Марино.

Александар Ванев, М-Нет