Прес на ОО на СДСМ Штип, Павел Иванов

Улицата „Пиринска“ е уште една заборавена улица и вечно градилиште истакнаа денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Од таму посочуваат дека секојдневието на жителите од овој дел од градот е претворено во хаос, додавајќи дека граѓаните заслужуваат решенија, а не изговори.

„Улица Пиринска, уште една заборавена улица, уште едно вечно градилиште. Извинувањата на градоначалникот Јорданов за доцнењето се залудни кога секојдневието на овие жители е претворено во хаос– борба со кал, со прашина, со отежнат пристап и со чувството дека се заборавени од локалната власт. Дали ова е резултат на неспособноста на Јорданов и ДПМНЕ или се работи за уште еден предизборен трик – улицата намерно да се заврши непосредно пред избори? Граѓаните заслужуваат решенија, а не изговори. “ – велат од СДСМ Штип.

Многу улици меѓу кои и улицата Пиринска се реконструираат како никогаш до сега, вратијата од Општина Штип.

„Улицата Пиринска и многу други улици како никогаш досега се реконструираат. Жалиме што повеќе од 60 години претходно во кои СДС имале власт, никој не инвестирал во реконструкција на инфраструктурата“ – велат од општината.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет