
Парадата на гордоста – настан кој низ светот симболизира слобода, во Македонија и понатаму се доживува како провокација. И покрај тоа што низ Европа ова веќе одамна е дел од секојдневието, во Македонија оваа тема сè уште предизвикува реакции. Анкетата што ја спроведе нашата редакција покажа дека голем дел од граѓаните сметаат дека македонското општество не е подготвено за вакви настани, а на ова согласни и туристите кој од соседството го посетуваат Штип.
,,Не не треба, не сакам да парадираат по улиците. Јас имам деца, но ги подготвив на време.“, вели турист во Штип
Граѓаните за нашата телевизија велат дека оваа тема се уште предизвикува од друга страна срам. Велат дека промовирањето на ваквите случувања, ќе влијаат негативно во општеството.
Инаку, на 21 јуни 2025 година, ден сабота, ќе се одржи шестата по ред Парада на гордоста во главниот град. Скопје Прајд е настан од и за ЛГБТ+ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе.
Иван Митев, М-Нет