
Четири децении Саат-кулата – симболот на Штип не е во функција . Таму каде што некогаш одекнувале звуци што се слушале и до седум километри далеку, денес владее молк. Механизмот стои, срцето на кулата не чука. Објектот што со векови го чувал ритамот на градот, повеќе од 40 години е надвор од функција. Според кажувањата на постарите штипјани, оваа саат кула датира уште од 18. век, време кога градот бил едно од позначајните урбани средишта во источниот дел на Македонија.
,,По моите сознанија и спомени, чуени збортови од постари се сеќавам дека саат кулата во Штип датира од 18 век. Во тоа време Штип бил доста голема населба со особини на град, а куќите кои се граделе не биле многу високи. Така да тие куќи биле во една положба, каде што звукот што доагал од саатот се разлевал многу далеку. Дури имаше едни податоци шест до седум километри, кога чукал саатот, се слушал толку далеку. Подоцна кога се градени самите згради, веќе таа акустика е смалена.“, рече Кожухаров
Но зад секое чукање на саатот стоел човек. Саат-кулата не работела сама – двапати дневно, вредни раце ја навивале и го одржувале ритамот што му давал душа на градот.
,,Саатот секогаш чукал два пати. На 24 часа, саатчија се качувал два пати и со чарковите (витли) се месетел да чука самата саат кула. Во мое време околу 70 сетите години, тоа се вршеше од фамилија Аџиеантови. После неколку години немаше интерес да се обнови, а сега саатот повеќе од 40 години е надвор од функција.”, додава Кожухаров
Иако одамна не чука, саат-кулата сè уште буди сеќавања. Стои во Штип, како чувар на едно време кога денот започнувал со звук, а градот дишел со свој ритам.
Иван Митев, М-Нет