
Започна асфалтирањето на крак од улица во населбата Суитлак во Штип, која ќе се поврзува преку Струмина чешма со селото Љуботен. Станува збор за инвестиција на општината во вредност од 3 милиони и 400 илјади денари, а ќе се асфалтира површина од 2700 метри квадратни. На ваков начин ќе се урбанизира населбата Суитлак, а дополнително ќе се поврзе со селото Љуботен. Овој патен правец е предвидено да биде целосно уреден и осветлен и достапен за жителите кои го користат. Истовремено селото Љуботен ќе се поврзе и од кај средното медицинско училиште во Штип, а градежните активности на терен се изведуваат со забрзана динамика.
Во меѓувреме започна и асфалтирањето на улица во штипска Лакавица. И овде станува збор за инвестицја на општината вредна 1.3 милиони денари, а улицата е 1050 метри квадратни. Ова е по барање на жителите од ова населено место, а потоа и дел од програмата за работа на општината.
Перидов се работи во повеќе населени места на повеќе локации во Штип, со што се очекува подобрување и модернизирање на изгледот на градот. Јорданов истакна дека ќе се асфалтира секојдневно, за граѓаните да добијат подобро место за живеење.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет