
Високите цени не ги спречија граѓаните да ги почитуваат обичаите за Задушница: Постојат работи кои не можат да се мерат со пари. Дали само верување или вистина, сепак тие доследно ги почитуваат обичаите.
Иако цените на основните прехранбени производи за нив високи, сепак и оваа година пранзикот нема да го изостават. Гие почитуваат своите предци на денот на починатите – Задушница.
Пари покрај што се трошат за раздавање, граѓаните велат дека се трошат и за свештено лице, но кој има можност ќе го повика.
Во согласност со ситуацијата, утре напладне и в сабота рано наутро верниците ќе ги посетат вечните почивалишта на градските гробишта во Штип и со голема љубов кон нив ќе се пристеат на заедничките спомени.
Иван Митев, М-Нет