Со симболично фрлање на капи мини матурантите од ДГ,,Вера Циривири Трена“ Штип се збогуваа со градинката

Со симболично фрлање на капи, како вистински ,,мини матуранти“, игра, насмевка и песна, денес дечиња од големите групи на ДГ Вера Цириви Трена во Штип, свечено се збогуваа со градинката.

Како што соопшти директорката на градинката Ивана Ангеличкова, претходно дечињата имаа и завршна приредба, а воедно го прославија и меѓународниот ден на детото на градскиот стадион. Таа е децидна дека денешниот настан беше круна на сите овие мали, но големи моменти, кои ќе останат длабоко врежани во детските срца.

,,Денес дечињата од ДГ Вера Циривири Трена, поточно дечињата од големите групи кои што ќе одат прво одделение ќе прават разделба во дворовите на нашата градинка, поточно во сите четири објекти во дворовите. Претходно ја направивме големата завршна приредба, го поминавме мегународниот ден на детето на градскиот стадион, а како трет настан го заокружуваме крајот на нивното престојување до детските градинки и истите ќе се разделат од градинка во која што ги поминаа најубави детски спомени. Им посакуваме среќа во иднина во школски клупи, се надеваме дека спомените од тука ќе им остават впечаток и нивните убави моменти, коии што ќе ги запаметат нивните учителки први, клупички.“. Рече Ангеличкова

Дека градинката ќе остане секогаш во сеќавањата на дечињата, согласни се тие. За медиумите велат дека од тука тие заминуваат со многу убави моменти и предизвици за нови другарства.

Инаку, настанот се одржа во дворот на ДГ Вера Циривири Трена, а на истиот присуствуваа сите дечиња, како и воспитувачките од таму. Атмосверата беше весела и пријатна.

Иван Митев, М-Нет