
Се почести случаи на булинг во училиштата, а од тука доага и прашањето како да се спречи?
Министерката за образование и наука Весна Јаневска, денес потенцираше дека училиштата имаат поставен менаџмент кој е задолжен за превенција и решавање на ваквите инциденти. Како што таа рече, доколку тие не си ја вршат својата должност, министерстовто, општината, како и останатите институции стојат на располагање.
,,Училиштата имаат менаџмент, значи има прво директор, тим стручен, како психолог, педагог, социолог, дефектолог. Прво што треба да направите е да пријавите кај наставничката или директорот. Тие се должни да го информираат тимот. Aко не се грижат, тогаш имате право да пријавите и до министерството и до општината и до МВР ако е нешто и до социјалние служби за пријавување на булинг. Како министер и министерство не можеме да знаеме што се случува во секое училиште, затоа секогаш апелирам кажете ни, побарајте од нас помош, ние стоиме на располагање.”, рече Јаневска
Дека вакви случаи во минатот имало и истите се решени согласна е Јаневска. Вели дека тие како министерство дават се од себе за да се намали бројот на вакви случаи.
Инаку, како што истакна министерката Јаневска, сите вакви случаи треба најпрво да бидат соопштени на настанивиците, а потоа до директорот, психолозите и педагозите. Најодговорен во првиот момент останува професорот.
Иван Митев, М-Нет