
И по 24 години свежи секавања, болка која не се заборава, Штип одбележа 24 години од смртта на Димитар Двојаковски и Влатко Петров. Со едно минутно молчење, положување свежо цвеќе, претставниците од семејствата, од општината, политички партии, здруженија, делегации, пријатели оддадоа почит на прерано загинатите бранители од 2001 година. Двојаковски и Петров ќе бидат вечно запаметени и секогаш почитувани.
Инаку Димитар е роден 22 април 1972 година во нова горица словенија, а семејство двојковски по потекло од берово, влатко 23 јули 1977 во штипско чардаклија. И двајцата го загубија животот на 3 мај 2001 година во кумановско Ваксинце.
Иван Митев, М-Нет