
Вчера со подготовки, денеска со асфалтирањето, улицата Загребачка во Штип, од денес добива нова асфалтна маса, Штип интезивно се гради.
Со цел подобрување на патната мрежа и безбедноста на сообраќајот, истовремено започна и асфалтирањето на улицата Воденска.
Покрај асфалтирањето, денеска се реконструираат и тротоарските површини на улицата Благој Мучето исто во Штип. Овие активности се дел од планот на Општина Штип за модернизација и подобрување на урбаната инфраструктура, со што се очекува да се значително зголеми удобноста и безбедноста на пешаците и возачите.
Општинските власти најавија дека ќе продолжат со реализација на слични проекти во повеќе делови на градот, со цел да ја унапредат инфраструктурата и да го подобрат квалитетот на животот на граѓаните.
Иван Митев, М-Нет