Загрозена безбедноста на станари во Штип – носечките столбови оштетени за поставување клима-уред

Станари во Штип загрижени за сопствените животи поради дупчење на носечките столбови од зграда

Вознемиреност меѓу жителите на станбена зграда во штипската населба „8-ми Ноември“, откако еден од кираџиите направил дупки во носечките столбови од објектот, при поставување на надворешна единица од клима уред.

Станарите велат дека со ваквиот чекор е загрозена статичката стабилност на зградата, а потенцијалните последици може да бидат сериозни. Според нив, откако фотографии од оштетувањата беа споделени на нашиот медиум, одговорното лице само естетски ги прикрило дупките, без да спроведе соодветна санација.

Нашата редакција денес прими повеќе реакции од жители на зградата, кои бараат институциите итно да реагираат, по пријавите кои тие ги поднеле. Еден од станарите, кој прв го пријавил случајот, за нашата редакција изјави дека состојбата е загрижувачка.

Штетата е голема, дури 60 проценти според нив. За случајот велат дека се запознати и надлежните институции

Инаку, дополнително станарите велат дека Одговорноста мора да се утврди и безбедноста на граѓаните да биде приоритет.

Иван Митев, М-Нет