
Започнува на 18 години со тренирање на одбојка, без притоа да ги направи првите почетоци од овој спорт, започнува со тренирање директно со сениорите, без да ги помине младинските категории, штипјанецот Стефан Алексов денес е еден од најдобрите одбојкари, а тој е член и на репрезетнацијата на Македонија.
„Сум спортувал почнав фудбала да тренирам тоа беше многу краток период, имам тренирано борење исто така кратко, среќа се откажав навреме. Одбојка почнав тренирам прилично доцна од вообичаено на мој 18 години, кога мојот професор по физичко Мијалче Манџаров, го препозна потенцијалот во мене и ме насочи кон одбојарки клуб тогаш Мавис денес Штип УГД и ми кажа со зборови тренирај биди упорен еден ден ќе бидеш репрезентативец и ми се оствари тоа“, раскажува Алексов во спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија.
Алексов започнува со тренирање во Штип, а по неколку години прави трансфер во Пробиштип, а потоа и во актуелниот шампион Струмица. Алексов вели дека е тешко да се навикнеш да живееш сам, во друг град, без најблиските.
„Во поглед на тренинзите беа на повисоко ниво за разлика од Штип и исто така брзо напредував и ја дигав формата и стигна до репрезентација. Во Струмица конкуренцијата на позиции беше навистина поголема во однос на Штип и треба да се избориш да биде упорен да работиш и да стигнеш да играш повеќе“, вели Алексов.
Како играч на Струмица, Алексов го добива првиот повик од македонската репрезентација.
„Искрено не верував, но отпосле сфатив дека навистина сум повикан и веднаш се сетив на професорот кога ми ги кажа тие зборови дека еден ден ќе бидам репрезентативец. Навистина прекрасно е чувството со репрезентацијата првпат мислам бев во 2019 година за квалификациите за Европското првенство, потоа имам учествувано на Медитеранските игри, имам настапувано во Европската сребрена лига каде го освоивме третото место во 2022“, рече Алексов.
Патот на еден спортист до успехот е тежок, но со упорна работа, дисциплина, посветеност, а некогаш и жртва, тој успех ќе биде награден. Стефан Алексов беше избран за спортист на град Штип за 2024 година.
„Чувството е прекрасно да бидам избран за спортист на град Штип за изминатата 2024 година, тоа покажува дека моите резултати и мојот труд и мојот напор е препознае од мојот град и сум пресреќен“, изјави Алексов во Трибина.
Пред Алексов и неговиот клуб Штип УГД престои сезона каде ќе ја напаѓат двојната титула. Штипјани ја бранат Куп титулата, а ќе ја напаѓа и титулата во лигата.
Александар Ванев, М-Нет