
Утре започнува пролетната полусезона од Втората македонска фудбалска лига, а на М Нет телевизија ќе можете да го следите натпреварот меѓу Вардар Неготино и Осогово, кој се игра на „Цвај арената“ со почеток од 14 часот.
Ова е дуел каде двете екипи имаат само една цел да ги освојат бодови, бидејќи опстанокот и на двете екипи им е загрозен. Тимот од Неготино кој го води Горан Тодорчев е во нешто подобро позиција во однос на второлигашот од Кочани, а со триумф Вардар Неготино ќе направи чекор напред кога е во прашање опстанокот бидејќи Осогово му е директен конкурент.
„Жетварите“ се консолидираа склопија тим и назначнија нов тренер, Крсте Крстев, кој ќе има навистина тежок предизвик, да го обезбеди опстанокот. Право на грешка немаат, барем не на овој меч. Ако се земе фактот тежината на мечот, важноста на трите бодови и опасноста од испаѓање во Трета лига, тогаш дефинитивно овој меч ќе биде дерби од дното на табелата.
Главен судија во Неготино ќе биде Бењамин Ќерими, а преносот на М Нет телевизија ќе започне во 14 часот.
Александар Ванев, М-Нет