Недостигот на градежни инспектори во општините стои, во Истокот има само пет

Само пет градежни инспектори има во Источниот дел од државата, по два во Штип и Кочани и еден во Берово. Овој факт зборува за недостигот на инспектори во останатите градови, како и потребата од исти. Моментално градежните инспектори со меѓуопштинска соработка ги покриваат и општините каде нема, за сите предмети да бидат завршени. За разлика од останатите Општини, Штип рсполага со довлно иснпектори.

„За среќа во Штип имаме двајца кој го покриваат целиот град. Исто така имаме меѓуопштинска соработка со Општина Карбинци, а минатата година поради недостигот на овие инспектори ја покривавме со меѓуопштинска соработка и Општина Бутел и Општина Радовиш. Другите инспектори се во доволен број, Општина Штип ги има сите инспектори. Имаме двајца инспектори за домување, еден комунален инспектор, еден помошник комунален инспектор, имаме инспектор за угостителство и туризам, за животна средина.“ – вели Георгиевски.

Градежните инспектори одбираат да работат во приватниот сектор за поголеми плати и повеќе придобивки, вели Горгиевски и токму затоа има дефицит на инспектори во државниот сектор. Од овде се појавува и недостигот на инспектори во општините.

„За градежните приватниот сектор им дава поголеми плати, им дава да работат на објекти, да се развиваат во својата област. Кај нас во државната служба сепак повеќе се работи на дивоградби, замерување со луѓето“ – додава Георгиевски.

Со подобрување на условите за работа и платите, може да се очекува зголемување на бројот на инспектори во општините со што и сите предмети би биле навремено завршени.

Лаура Стојанова М-Нет