
Горски чај, набран од високите планини и долини, денес најмногу баран од граѓаните за нерви и главоболки на пазарот во Штип. Околу селата Каврак, Мушково и Нежилово кратовчанецот Михаило Атанасов секој година бере билки и чаеви кој лекуваат од разни болести. Дали тоа за кашлица, настинки, стомак, желудник, па дури и за нервоза. Чајот дава мир, спокој и сталоженост, ќе рече тој, па затоа секоја година тој не изоставува да го набере.
Откако ќе го набере, Атанасов чајот го распостелува два дена да завенее, а потоа прави малки снопчиња и ги подготвува за продажба.
Инаку, планински чај е едногодишно растение кое расте на високите планини на Балканскиот Полуостров. Позната е во народната медицина по своите лековити својства. Се употребува како универзален лек против настинки, грип и за целокупно јакнење на имунолошкиот систем. Научните истражувања покажуваат дека е богат со антиоксиданси и може да се користи за превенција и борба против рак.
Лаура Стојанова М-Нет