
Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 16. коло на Првата македонска кошаркарска лига, каде денес на програмат ќе бидат пет натпревари, а колото ќе се затвори утре со еден натпревар.
Гостивар после три порази во низа ќе бара излез од резултатската криза против МКК Куманово, тим кој имаше одлична серија но влезе во променлива форма. Двете екипи претендираат за триумф, а особено домаќинот кој сака победа за излез од зоната која води кон плеј-аут сегментот каде се разигрува за опстанок.
Актуелниот шампион и лидер МЗТ Скопје на домашен терен ќе игра против Чаир, во меч каде шампионот ќе ја има улогата на фаворит против тимот на Чаир кој на вакви натпревари знае да се покаже како незгоден противник.
Екипата на Работнички ќе бара втора победа во низа на домашен терен против „фенерџијата“ Вардар, тим кој е единствен во лигата без триумф, односно има 15 порази од 15 натпревари, па повеќе од јасно е дека Работнички ќе биде голем фаворит.
Кошаркарките на Кожув на домашен терен ги очекува тежок дерби меч против битолски Пелистер. Кожув имаше одлична победничка низа, но забележа два порази во низа, а пак Пелистер после двата порази во низа се израдува на триумф. Ова ќе биде дуел на две екипи кои силно посакуваат победа и ќе донесе извесност на самата средба.
Дуел на две екипи кои имаат победничка серија, Феникс на домашен терен ќе се соочи против Тиквеш кој ќе го предизвикува домаќинот за нов триумф.
Колото ќе се комплетира утре со мечот меѓу второпласираниот тим на ТФТ Скопје кој ќе биде голем фаворит против Шкупи, кој е претпоследен, но тимот влезе во победничка серија со две победи во низа и ќе атакува и на нов триумф со кој би можел да се пробие кон средишниот дел од табелата.
Во однос на табелата МЗТ Скопје е прв со 27 бодови, на второто место е ТФТ со 26 бодови, а пак Пелистер е трет со 25 бодови, на дното е Вардар без триумф со 15 бодови.
Александар Ванев, М-Нет