
кршење на славски колач, палење на василичарски оган, песна и грејано вино, вчеравечер по 34 пат се продолжи старата традиција по повод празникот Св. Василиј Велики во нас. Железничка станица во Штип. На настанот заедно со жителите, беа присутни и градоначалникот, пратениците, како и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој истакна голема благодарност што тој ја имаше честа вчеравечер да биде заедно со штипјани и да ја продолжат традицијата стара со векови во чест на празникот Василица.
“За нас голема е честа да бидеме помеѓу нашите сограѓани, помеѓу сите оние кои што го празнуваат Василиј Велики како празник, кои што традиционално е овде по 34 пат. Нека е за многу години, честа е наша овде што сме со штипјани, а се надевам дека оваа традиција ќе продолжи и во иднина.“, вели Тошковски
Градоначалникот Иван Јорданов, посака многу бериќет, успех, напредок на граѓаните, како и развој на градот под Исарот.
“Задоволство е по 34 пат, заедно со жителите од урбаната заедница Железничка и министерот за внатрешни работи, пратениците да ја продолжиме оваа традиција. Посакувам многу бериќет, успех, напредок, развој на нашиот град.“, вели Јорданов
Кумот од оваа година, беше посебно среќен, бидејќи како што вели паричката ја пронаоѓа по втор пат. И не само тој, туку и останатите жители од населбата за М-Нет истакнаа дека се многу среќни што оваа традиција се негува денес и ќе се негува во иднина.
Инаку, традиционалното палење на оганот во Штип е забележан само во нас. Железничка, кое опстојува веќе 34 години во чест на празникот Василица, со цел изгонување на злите сили.
Лаура Стојанова, М-Нет