Снегот пријатно ги изненади граѓаните на Штип, пешачеа и уживаа во снежната идила

Снежна идила и во Штип. Убавиот снег, кој од вчера го зафати градот под Исарот, ги предизвика граѓаните да излезат и да се раздвижат во бајката на градот, која покрај што до сега доминираше со новогодишните украси, од вчера дополнително и со натрупан снег. Весели деца, правеа снешковци, се санкаа, другаруваа, а повозрасните пешачеа и се маваа со топки снег.

Тротоарите се чисти, улици проодни велат анкетираните, па додаваат дека ваквото време треба да се искористи и граѓаните треба да излезат и да прошетаат.

Ваквото снежно време се очекува да биде до четврток, а од петок се очекува поголем пад на температурите со речиси од -6 до 3 во градот под Исарот.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет