Со низа капитални проекти Oпштина Штип подготвена за новиот повик за годинава

Низа на капитални проекти се очекуваат во новатат 2025 година од страна на Општина Штип. Проектите се од различен тип, а истите ќе бидат опфатени со новиот повик од централната за годинава. Градоначанлникот Иван Јорданов, најави дека Штип ќе добие нов мост на река Брегалница, нови сообраќајници и сообраќајни решенија за намалување сообраќајниот метеж, нова платформа за паркирање, нова градинка, скада систем за регулирање на загубите за чиста вода за пиење, како и други проекти со кои Штип ќе добие подобар развој.

“Благодарение на поддршката, која што централната власт ја дава на локалните самоуправи, вклучувајќи ја и Општина Штип очекуваме 2025 година во општината да има забразан развој, реализација на низа капитални проекти. Од секаков тип капитални проекти ќе бидат опфатени со новиот повик. Ќе набројам само неколку се планира нов мост на река Брегалница, нова сообраќајница со која што ќе намали сообраќајниот метеж кој што ни се случува. Нови сообраќајници и сообраќајни решенија во централното градско подрачје за да се намали интезитетот и фрекфенцијата на главните две сообраќајници Васил Главинов и Маршал Тито. Нова платформа за паркирање во централното градско подрачје за дополнители 40 паркинг места. Се планира нова градинка, скада систем кој што на јавното претпријатие му е неопходен за регулирање на загубите за чиста вода за пиење, знаете дека нешто повече од 60 проценти се загубите кои што ги генерира јавното комунално претпријатие. Ова ќе биде една одлична можност да се рационализираат трошоците кои што ги има ЈП.“, вели Јорданов

Штип ќе има и нова картинг стаза за најмладите, а ќе се довршуваат и сите започнати капитални проекти од претходната година, додава Јорданов.

„Дополнително она кое што сакам да го истакнам е дека ќе добие Штип една содржина како што е картинг стаза за најмладите. Низа на капитални проекти, улици навистина една развојна компонента, која што ќе овозможи развој на нашиот град.“, додава Јорданов

Со ваквите капитални инвестиции, Штип покрај што ќе се доразвие со подобри можности, со што тој ќе го задржи епитетот центар на истокот.

Лаура Стојанова, М-Нет