За Стара Нова Година да не се претерува со мрсна храна советуваат лекарите

Умерена исхрана за време на празниците, препорачуваат лекарите. Меѓу Божиќ и во пресрет на Стара Нова Година да не се претерува со мрсна и богата храна, со цел граѓаните празниците да не ги поминат во болница. По Божиќните пости, граѓаните постепено да се враќаат на нормалната и секојдневна исхрана, велат лекарите, да биде умерено и балансирано.

„После постите сите оние кои се враќаат на нормалната исхрана треба тоа да биде постепено и нормално. Знаеме дека после Божиќ доаѓа Стара Нова Година кои изобилуваат со богата и мрсна исхрана. За сите оние кои постеле претпорачано е исхраната да биде умерена, постепено да се враќаат на секојдневната исхрана. Ова не само за оние кои постеле, туку и за сите останати потребна е умерен и балансирана исхрана.“ – вели Митрова.

Ако се претера со јадењето може да се создадат проблеми со варењето на храната. Граѓаните кои имаат проблеми, но и сите останати можат да си предизвикат проблеми доколку не внимваат на својата исхрана.

За време на новогодишните празници немало значителен број на граѓани кои завршиле во болница заради прејадување. И сега по завршувањето на постите и меѓу празниците исхраната да биде умерена апелираат лекарите.

Лаура Стојанова М-Нет