Утре температури до 14 степени, во недела значително заладување и снег

Утре дневната температура до 14 степени, веќе од недела значително заладување и врнежи од снег. Во сабота се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, но со слаб интезитет, велат од УХМР. Додаваат дека дневните температури од 14 степени утре, ќе паднат на неколку степени над нулата во недела.

„Во текот на утрешниот ден времето ќе биде променливо облачно во утринските часови со услови за појава на магла, ќе дува слаб ветер од јужен правец, а температурата во Источниот дел се очекува да биде помеѓу 3 и 14 степни. Веќе во сабота ќе има и повремени врнежи од дожд, но со послаб интезитет.“ – вели Петровиќ.

Во недела врнежите во цела држава од дожд ќе приминат во врнежи од снег. Ќе се формира и снежна покривка, дури и во дел од пониските места. Ќе дува ветер од северен правец, а температурите ќе бидат само неколку степени над нулата.

„Позначително заладување се очекува во недела, кога во поголем дел од земјата очекуваме врнежите да бидат од снег, наместа и пообилни. Ветерот ќе биде засилен од северен правец. Температурата значително ќе опадне и ќе биде само неколку степени над нулата.“ – додава Петровиќ.

Заради ниските температури снежната покривка ќе се задржи неколку дена, но веќе од средината на наредната недела се очекува зголемување на дневните максимални температури.

Лаура Стојанова М-Нет