
Штипјанецот Бобан Георгиев и прволигашот Пелистер од Битола се разделија по една полусезона, 27-годишниот фудбалер кариерата ќе ја продолжи во нов клуб.
Георгиев во Пелистер пристигна од редовите на охридскиот прволигаш Воска Спорт, но во Битола се задржа кратко, само една полусезона, по што ќе продолжи во нова средина.
Во својата кариера искусниот фудбалер од Штип има настапувано и за екипите на Металург, штипска Брегалница и Силекс на домашната сцена, додека пак на меѓународната сцена го носеше дресот на Радник од Србија, а во Босна и Херцеговина настапуваше за тимот на Леотар Требиње и Борац Бања Лука. Во следниот период ќе биде познато каде Георгиев ќе ја продолжи својата кариера.
Битолскиот прволигаш есенската полусезона ја заврши на делба на 7. место со 19 бодови, а пролетниот дел го отвара против Брера Струмица на домашен терен под водство на новиот тренер Срѓан Захариевски.
Александар Ванев, М-Нет