
Есенскиот шампион во Трета лига – Исток, екипата на Слога Виница се засили со Иван Настевски, поранешниот капитен на Детонит Плачковица од Радовиш.
33-годишниот искусен фудбалер со своето прволигашко, но и меѓународно искуство ќе биде капитално засилување за Слога Виница, која рутински ќе треба да го одигра пролетниот дел во Трета лига – Исток и да стане шампион, а потоа да се фокусира на баражот за Втора лига.
Популарниот Меси во својата кариера покрај за Детонит Плачковица, има настапувано и за Охрид, Скопје, Гостивар, Брегалница, Кит Го Пехчево, Македонија ЃП, Еуромилк ГЛ, Тетекс и Работнички, а има настапувано и во Србија и Грција.
Во следниот период ќе очекуваат уште неколку квалитетни зимски засилувања.
Александар Ванев, М-Нет