
Во полуфиналето од женскиот кошаркарски Куп на Македонија ќе се соочат Баскет Кам од Македонска Каменица против тимот на Бадел, додека пак тимот на Вардар ќе се судри со амбициозниот тим на Крива Паланка.
Овие четири екипи изборија место во полуфиналето, откако во четвртфиналето Баскет Кам со 116:59 лесно го декласираше Спорт Тим, а пак Бадел со 78:54 славеше над МЗТ Скопје Аеродром.
Екипата на Вардар со 115:54 го доби тимот на Патриот од Делчево, а пак Крива Паланка со 95:68 славеше над Струга.
Предизвикот за овие четири екипи во полуфиналето ќе биде голем, бидејќи водат неизвесна борба и во рамки на Првата А кошаркарска лига, каде Крива Паланка е прва, шампионот Баскет Кам е втор, Бадел е трет, а пак Вардар е четврти.
Александар Ванев, М-Нет