Штипјанец повторно заболен од КОВИД 19

Со реинфекција на корона вирусот на повторно болничко лекување во Клиничка болница Штип се наоѓа штипјанец на возраст од околу 47 години. Детални информации за тоа како дошло до повторното инфектирање со вирусот не можевме да добиеме од директорот д-р Ален Георгијев, освен дека е повторно хоспитализиран.

Да, имаме и таков случај, со повторна реинфекција на вирусот корона од Штип. Негативизиран, па повторно е позитивен, по од прилика месец и половина. На од прилика 46-47 годишна возраст и се` уште е на болничко лекување – рече д-р Георгијев.

Во врска со актуелната состојба, д-р Георгијев истакна дека на болничко лекување се 34 позитивни и 18 сомнителни пациенти.

Поголемиот број пациенти се од Штип, додека останатите се од околните градови Кочани, Пробиштип, Виница, Берово и околината. Што се однесува до најновите тестирања, од 1507 регистрирани во изминатите 24 часа, има 88 нови случаи на КОВИД-19.

Штип е на трето место со 10 новозаболени, после Скопје со 23 и Струга со 11.

БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет.мк

Снимател ГОРАН ХРИСТОВСКИ

Монтажа ВИКТОР МИХАЈЛОВСКИ