Штипјанка била физички нападата ѝ бил одземен златен предмет

На 03.08.2020 во 21.00 часот, во Полициската станица Штип, 38-годишен штипјанец пријавил дека околу 20.15 часот, на ул.„Панче Карагозов“ во Штип, неговата мајка Г.Н.(61) од Штип, била физички нападната од едно лице, кое со употреба на сила ѝ одзело златен предмет. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип. Се работи на расчистување на случајот.