Радовиш на многу тешко гостување кај апсолутниот фаворит Охрид, мега-дерби на Вардар и Алкалоид

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

В сабота со пет натпревар и недела со еден натпревар ќе биде одигра 12-тото коло од ракометната Суперлига, всушност ова е вториот круг од ракометната елита на Македонија.

Охрид како голем и апсолутен фаворит на домашен терен ќе игра против Радовиш, во меч каде повеќе од јасна е разликата во квалитетот на двете екипи, па избраниците на Стевче Алушовски лесно треба да прокнижат два бодови односно победа. Овој меч ќе започне во 15 часот.

Два часа подоцна во Битола шампионот Еурофарм Пелистер ќе се соочи со тимот на Тиквеш од Кавадарци каде и двете екипи ќе се надигруваат за двата бодови. Битолчани ќе бидат фаворити за нов триумф, во однос на тимот од Кавадарци кој ќе сака да направи изненадување и да освои бодови во Битола.

Од 18 часот Куманово на домашен терен ќе игра против Бутел во неизвесен меч, каде домаќинот ќе бара четврто славје, додека пак Бутел со триумф само ќе го потврди местото за плеј-оф.

Во ист термин во Велес ќе ги одмерат силите Бисинов ќе игра против Струга во дерби од дното на табелата и дерби за двата бодови. Дебитантот ќе бара второ славје, бидејќи првиот триумф е токму на Струга во гости, па тоа ќе значи дека стружани ќе сакаат да вратат за поразот од првото меѓусебно соочување.

Во 18:30 часот Пролет и Прилеп меѓусебно ќе ги бараат двата бодови со цел да фатат приклучок за место во плеј-офот.

Колото ќе се комплетира в недела од 19 часот со мега-дербито на Вардар и Алкалоид. Соочување на поранешниот европски шампион против непоразениот лидер од Автокоманда.

На првото соочување Алкалоид беше подобар во Автокоманда, а сега Вардар во „Јане Сандански“ ќе сака триумф и два бодови.

Александар Ванев, М-Нет