Штипските Соколи гостуваат кај Академија ФМП, Мега Баскет го пречекува фаворитот Црн Дрим!

Кошаркарите на Соколи од Штип овој викенд во рамки на седмото коло на Втората кошаркарска лига на Македонија ќе гостуваат во Струмица каде ќе се соочат со последнопласираната Академија ФМП.

Екипата на Соколи е на врвот од табелата во второлигашката конкуренција и како голем фаворит патува во Струмица за седум од седум.

Мега Баскет на домашен терен ќе игра тежок меч против фаворитот второпласираниот тим Црн Дрим од Струга. Фаворитот Борец Баскет на домашен терен како голем фаворит ќе игра против Бутел на домашен терен.

Маџари тргна одлично, па застана, а сeга против Водно Санс има идеална шанса за враќање на победничките патеки. Ангели како фаворит ќе игра против МЗТ Скопје на домашен терен, додека пак ланскиот прволигаш Охрид на свој терен ќе игра против Работнички, идеална шанса охриѓани да ја продолжат победничката серија и да прогресираат на табелата.

Александар Ванев, М-Нет