Соколи го доби дербито со Ангели, штипјани на врвот во Втората кошаркарска лига

Дербито на 6. коло во Втората кошаркарска лига се одигра во Штип, каде Соколи со тесни 72:68 славеше победа над Ангели со што тимот на Соколи е на врвот од табелат со 11 бодови и скор 5-1.

Соколи запишаа важен триумф во спортската сала „Јордан Мијалков“ и сега го држат врвот од табелата со ист број на бодови како и Борец Баскет кој е втор и Црн Дрим од Струга кој е трет на табелата.

Пред Соколи сега следуваат две гостувања, штипјани најпрво ќе се соочат со „фенерџијата“ Академија ФМП, каде Соколи ќе биде голем фаворит за триумф, а потоа им следува ново дерби во Струга против Црн Дрим, па всушност тоа и ќе биде дерби кое ќе решава за врвот од табелата.

Во однос на останатите натпревари од шесттата рунда Борец Баскет лесно го доби Работнички, Црн Дрим беше пресилен за Академија ФМП, Водно Санс дома немаше сили за ланскиот прволигаш Охрид кој со 77:99 беше убедлив, МЗТ Скопје го доби дербито со Маџари, кој запиша нов голем пораз, а пак Бутел го доби Мега Баскет.

Александар Ванев, М-Нет