
Викендот се одиграа натпреварите од 11. коло на ракометната Суперлига, откако дербито на колото го доби Алкалоид кој славеше со 22:29 над Охрид во „Билјанини Извори“, со што тимот на Кирил Лазаров останува единсвениот непоразен тим во Суперлигата.
Пролет слави голем и важен триумф над Бутел во скопската пресметка за место во плеј-офот со резлтат од 24:19.
Бисинов на домашен терен запиша висок пораз, откако Тиквеш во Велес славеше над дебитантот со 22:33.
Куманово стави крај на лошата резултатска серија откако триумфираше над Радовиш со 30:26, со што тимот на Радовиш останува единствениот тим кој нема триумф во Суперлигата.
Струга немаше сили за Вардар, кој лесно стигна до нов триумф со резултат од 25:34.
Шампионот Еурофарм Пелистер со 46:24 го „разнесе“ Прилеп во меч на тотална доминација на битолскито тим.
Во однос на табелата Алкалоид е на врот со 22 бодови, Вардар е втор со 20 бодови, Еурофарм Пелистер е трет со 18 бодови, а пак Охрид е на 4. место со 16 бодови.
На 5. место е Бутел со 12 бодови, а пак Тиквеш е на 6. место со 11 бодови односно во зоната која води кон плеј-офот.
На седмото место е Пролет со 10 бодови, место подолу е Прилеп со девет бодови. На деветтото место со шест бодови е Куманово, Струга е место подолу со 4 бодови, Бисинов е претпоследен со три бода, а на дното е Радовиш со еден бод.
Александар Ванев, М-Нет