
Штипскиот кошаркарски клуб Соколи запиша важна гостинска победа во дербито на 5. коло во Втората лига, откао сл 81:96 славеше над Маџари, екипа која е фаворит за влез во кошаркарската елита.
Костадинов имаше одличен натпревар со 33 поени, Караколев постигна 17 поени, а пак Шајкаров имаше 10 поени. Кај Маџари по 15 поени постигна Нацевски и Тодоровски.
Соколи со ефект 4-1 е на врвот од табелата.
Ангели на домашен терен со 79:55 однесе убедлива победа над Академија ФМП, Бутел беше поразен од Црн Дрим со 64:73, Мега Баскет го доби Работнички 2018 со 83:878.
Охрид дома се израдува на второ славеје откако славеше над МЗТ Скопје со 74:53, а пак Борец Баскет со резултат од 100 наспротив 90 славеше над Водно Санса.
Соколи од Штип е лидер со 9 бодови, колку што имаат Ангели, Борец Баскет и Црн Дрим, а дното е Академија ФМП со пет бода.
Александар Ванев, М-Нет