Штипски Соколи со убедлива победа над фаворитот Маџари за прво место во Втората кошаркарска лига!

Штипскиот кошаркарски клуб Соколи запиша важна гостинска победа во дербито на 5. коло во Втората лига, откао сл 81:96 славеше над Маџари, екипа која е фаворит за влез во кошаркарската елита.

Костадинов имаше одличен натпревар со 33 поени, Караколев постигна 17 поени, а пак Шајкаров имаше 10 поени. Кај Маџари по 15 поени постигна Нацевски и Тодоровски.

Соколи со ефект 4-1 е на врвот од табелата.

Ангели на домашен терен со 79:55 однесе убедлива победа над Академија ФМП, Бутел беше поразен од Црн Дрим со 64:73, Мега Баскет го доби Работнички 2018 со 83:878.

Охрид дома се израдува на второ славеје откако славеше над МЗТ Скопје со 74:53, а пак Борец Баскет со резултат од 100 наспротив 90 славеше над Водно Санса.

Соколи од Штип е лидер со 9 бодови, колку што имаат Ангели, Борец Баскет и Црн Дрим, а дното е Академија ФМП со пет бода.

Александар Ванев, М-Нет