Доделени награди и признанија на научни работници на УГД Штип, одбележан Денот на науката

Втора година по ред УГД Штип додели награди и признанија на научните работници за научна продуктивност и го одбележа Меѓународниот ден на науката. Целта е да се мотивираат вработените, истражувачката работа, а со тоа и да се зголеми рејтингот на универзитетот. Награди се доделија во четири области со што се даде вредност на трудот на професорите.

„Една од тие мерки е токму вреднувањето и доделувањето награди за научна продуктивност на нашите професори. Денеска на овој ден по повод Денот на науката ќе доделиме награди и признанија на нашите научни работници и на нашите студенти. Наградите се доделуваат за научна цитираност, научна продуктивност во четири области, природни науки, медицински науки, технички науки, општествени и хуманистички науки.“ – вели Стојановска.

Радува фактот што годинава за разлика од лани има пријавено голем број млади кандидати. Тие велат дека предизвиците со кои се соочуваат се големи, но за нив важни се и крајните резултати.

„Нека ни биде ова поттик, апел на нас помладите генерации да истражуваме оти имаме од кои да научиме без разлика на ресусристе со кои располагаме.“

„Да пратам една порака до сите млади иатражувачите, активно да се вклучуваат во програмите кои ги финасира ЕУ, пред сѐ овде ќе ја потенцирам кос програмата бидејќи тоа е единствен начин за вмрежување со истражжувачите.„ – вели Оџиски.

Ваквата активност на УГД Штип по повод одбеежување на денот на науката се реализира втора година по ред. Тенденција е да прерасне во традиција, со цел да се вооочуваат проблемите со кои се соочуваат истражувачите и да се помогне во која било област.

Лаура Стојанова М-Нет