
13-тото коло од Прва лига ни го носи дербито на колото меѓу непоразениот лидер Работнички и Шкендија од Тетово, дерби на два поранешни шампиони кои во новата сезона сакаат титула, но и излез во Европа.
„Романтичарите“ одлично играат во новата сезона имаат шест победи со шест ремија и се на врвот од табелата со 24 бодови, бод повеќе од Шкендија која е втора.
13-тата рунда ни го носи и дербито меѓу Пелистер и Вардар, натпревар кој се игра под рефлектори на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, со што битолчани, но и навивачите на двата клуба ќе имаат можност да проследат одличен натпревар под рефлектори.
Вардар е на дното од табелата во длабока резултатска криза и ќе бара излез од истата, само ако во Битола го совлада Пелистер, а од друга страна резултатска криза го зафаќа и Пелистер, кој има пораз и четири ремија во низа, односно битолчани немаат победа на последните пет меча.
Во Струмица ќе се соочат Брера Струмица и Силекс каде струмичани ќе сакаат три бодови со цел есенскиот дел да го завршат во горниот дел од табелата, а пак Силекс сака продолжување на позитивната серија резултати и со тоа да е сигурен во врвот и местата за Европа.
На „Билјанини Извори“ во Охрид ќе се соочат ланските финалисти од Купот на Македонија, Воска Спорт против Тиквеш. Ова практично ќе биде дерби од дното на табелата од капитална важност, повеќе од јасно е може на крајот да се покаже како клучно за опстанок. Воска силно ќе сака триумф, мотивирана по големата победа над Шкупи, а со нов триумф Воска може да направи скок од две места, а Тиквеш ќе мора да триумфира во секој друг случај ќе влезе во уште подлабока резултатска криза.
Дебитантот Беса на домашен терен ќе игра против шампионот Струга каде Беса ќе бара победа за враќање на победите, а Струга ќе мора да тримфира за да го следи чекорот на водечките Работнички и Струга.
Дерби на Чаир ќе играат Шкупи и Гостивар, трите бодови се од капитална важност. Шкупи не е во посакуваната борба и мора да победи со цел да не има уште поголема бодовна разликата од местата за Европа, а Гостивар сака три бодови за освојување на врвот.
Александар Ванев, М-Нет