
Утре ќе се одиграат натпреварите од 11-тото коло на Првата женска фудбалска лига, а во рамки на истото Скопје на домашен терен го очекува дерби против шампионот Љуботен, во меч каде трите бодови се многу важни за тетовскиот тим кој води неизвесна и тесна борба со лидерот Тиверија Брера.
Овој натпревар ќе стартува во 14 часот, а правдата на истиот ќе ја дели Вјолца Изеири.
Каменица Саса по големиот пораз од Тиверија на домашен терен, триумфираше убедливо над Речица со што брзо се врати на победите, но има негатива од четри бодови, а против битолски Топ Гол ќе бара осма победа со цел да го следи чекорот на водечките екипи. Натпреварот ќе започен во 12 часот, а правдата ќе ја дели Ирена Велевачкоска.
Речица на домашен терен ќе игра тежок меч против непоразениот лидер Тиверија Струмица во меч каде сосема очекувано е дека гостинот од Струмица ќе биде апсолутен фаворит за деветтото сезонско славје. Речица е на дното од табелата со три бодови.
Натпреварот ќе започна во 14 часот, а главен судија кој ќе ја дели правдата на истиот ќе биде Виктор Јанчевски.
Во Битола ќе се одигра натпреварот меѓу повратникот Атлетико кој ќе бара втора сезонска радост против Ас Јунајтед од Струга, екипа која е далеку од формата во однос на ланската сезона. Ова ќе биде меч за излез од резултатската криза, Атлетико на последните пет мет има три порази, едно реми и една победа, а пак стружанки имаат победи и четири последователни порази.
Натпреварот ќе започне во 13 часот, а за правдата ќе биде задолжен Драган Стевановски.
Во рамки на 11. коло слободна ќе биде екипата на СЦ Истатов.
Александар Ванев, М-Нет