
Утре во рамки на вонредното четврто коло на Втората лига, екипата на Башкими на домашен терен ќе се соочи со струмичка Беласица во дуел каде домашниот тим е голем фаворит за трите бодови.
Башкими во новата сезона сака атак на местата кои водат во Првата лига, освојувачот на Купот на Македонија од сезона 2004/2005 има скор од три победи и само еден пораз, максимално мотивиран против струмичката фудбалска гордост атакува на нови три бодови и можност да се искачи на врвот од табелата, бидејќи има само бод негатива од водечките екипи.
Беласица не ја започна сезоната како што посакува, тргна со пораз и нанижа три последователни ремија, а во Куманово ќе има повеќе од тешко гостување.
Правдата во Куманово ќе ја дели Бењамин Ќерими, а преносот на спортскиот канал М Нет Спорт ќе започне во 15 часот.
Александар Ванев, М-Нет