
Од 10-23 септември во Будимпешта, Унгарија се одржа и 45-тата Шаховска Олимпијада, а голем историски успех направи актуелниот државен првак на Македонија, Тони Лазов, кој го освои сребрениот медал за својот индивидуален настап на втората табла со одличен рејтинг-перформанс од 2763.
Лазов кој игра во одлична форма зад себе остави големи имиња на светскиот шах. Големиот успех за Лазов доаѓа по бронзениот медал на Трајко Недев во 1996 година во Ереван, Ерменија, златниот медал на Драгољуб Јаќимовиќ во 2000 година во Истанбул, Турција и сребрениот медал на Владимир Георгиев од 2004 година во Калвија, Шпанија.
Лазов е четврти македонски репрезентативец кој успеал да се закити со медал на најголемото шаховско натпреварување.
Александар Ванев, М-Нет