
Лука Змејкоски освои сребрен медал на Светското првенство во кик бокс за кадети и јуниори кое се одржуваше во Будимпешта, Унгарија.
Змејкоски се натпреваруваше во категорија над 81 килограм, а само 15 секунди го делеа од златниот медал, но искуството на Мухамед Дупљак од Србија пресуди во последните секунди од натпреварот.
Во полуфинале Змејковски го совлада Владислав Лендел од Украина, а во финалето загуби од Мухаме Дупљак од Србија.
На Светското првенство учествува околу 3000 натпреварувачи од 68 држави од целиот свет.
Александар Ванев, М-Нет