
Третолигашот Слога од Виница одигра пријателски меч во Грција каде ремизираше играјќи 1:1 против екипата на Паралиас Катерини.
Овој натпревар доаѓа како подготовки за новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток, во која Слога Виница влегува како прв и главен фаворит за првото место и баражот за Втора лига. За Слога Виница стрелец на овој погодок беше Игор Горгиев.
Вечерва ќе се извлечи ждрепката за новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток за што дополнително ќе информира телевизија М Нет околу распоредот за новата сезона и со која екипа Слога Виница ќе се соочи на стартот од новата сезона.
Минатата сезона Слога Виница до последно се бореше со Вардарски за првото место, но заврши како втора, а пак шампионот Вардарски се пласираше преку баражот во Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет