
Денес на програмата се натпреварите од 3. коло на Втората македонска фудбалска лига, а гледачите на телевизија М Нет ќе имаат ексклузивна можност само на телевизија М Нет да проследат два натпревари, првиот од 16 часот од Штип, а вториот од 20 часот од Струмица.
- БРЕГАЛНИЦА – КАМЕНИЦА САСА, 16 часот Градски стадион Штип пренос на телевизија М Нет
На Градскиот стадион во Штип силите ќе ги одмерат Брегалница и Каменица Саса во натпревар каде „сините“ ќе ја имаат улогата на фаворити за нови три бодови, па со тоа Брегалница да има три од три пред репрезентативната пауза. За „рударите“ и бод ќе биде повеќе од одличен исход, бидејќи во новата сезона влегуваат со цел да бидат стабилни и опстанокот да биде изборен многу порано, со цел да не се повтори ланската сезона.
Преносот од натпреварот меѓу Брегалница – Каменица Саса, само на телевизија М Нет денес од 16 часот.
- БЕЛАСИЦА – ОХРИД, 20 часот стадион „Благој Истатов“ Струмица, пренос на телевизија М Нет
Беласица својот 102-ри роденден ќе го прослави со одигурвање на натпревар под рефлектори против Охрид, верните „ајдуци“, струмичани, публиката, фудбалските легенди кои во минатото биле дел од Беласица како играчи, тренери или управи ќе бидат на трибините да проследат одличен натпревар како што доликува, под рефлектори на стадион кој има одлични услови.
Беласица ќе го одигра првиот меч од новата сезона на домашен терен, бидејќи имаше две гостувања, но не трга според очекуваното, беше поразена од Арсими со 4:2, а одигра 2:2 во Неготино со Вардар, па вечерва само три бодови ќе бидат главна цел на струмичани. Од друга страна Охрид доаѓа разнишан во Струмица, претрпе два големи порази, од Македонија ЃП во гости со 2:0 и дома од Арсими со 2:4, па тоа веќе прави големо незадоволство кај верните „рибари“, а вечерва за Охрид ќе биде цел позитивен резултат, кој треба да биде триумф и три бодови, бидејќи ниту со бод нема да има задоволство кај навивачите на Охрид.
Тоа го прави овој меч да биде атрактивен и неизвесен, борба за прв триумф, борба за први бодови на Охрид, фудбалски меч под рефлектори на стадион со одлични услови.
Ексклузивно и само на телевизија М Нет проследете го натпреварот меѓу Беласица и Охрид на телевизија М Нет од 20 часот.
Александар Ванев, М-Нет