Горан Петрески си поднесе оставка, Вардар ќе добие нов тренер!

Вардар по само четири одиграни кола во Првата лига ќе добие дури трет нов тренер. По победата над Пелистер, шефот на стручниот штаб Горазд Михајлов си поднесе оставка, а големиот пораз од Воска Спорт од 1:3 на домашен терен и Горан Петрески си поднесе оставка.

Шефот на стручниот штаб Петрески, заедно со своите помошници, ја презедоа одговорноста за двата последователни порази од Шкупи (3:0) и од Воска Спорт (1:3) и поднесоа неотповиклива оставка, при што се заблагодарија на управата на клубот за укажаната доверба, а која резултираше со два порази и нивно повлекување.

„Јас и мојот стручен штаб ја превземаме одговорноста за двата порази во низа и од денес повеќе нема да ја извршуваме тренерската функција во клубот. За Вардар секогаш сум го давал целото свое срце, така беше и овој пат, жалам што сета таа љубов и посветеност не ги донесе посакуваните резултати“, рече Петрески откако ја поднесе оставката.

Можеби среќа ќе биде тоа што сега има репрезентативна пауза, па управата на Вардар ќе добие на време со цел да донесе вистинско решение кој да го води Вардар во понатамошниот тек од сезоната. Инаку, во рамки на 5. коло после репрезентативната пауза Вардар ќе има тешко гостување против Гостивар.

Александар Ванев, М-Нет