Пилешков патува во Тетово, Ѓоргиев главен во Струга, Качевски ќе им суди на Силекс и Шкупи!

Наместо во недела, овој викенд натпреварите од 4. коло од Првата македонска фудбалска лига ќе бидат одиграни во сабота, а пак второлигашите ќе играат во недела. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртата рунда во македонската фудбалска елита.

Марјан Младеновски ќе им суди на Тиквеш и Гостивар, Стојанче Трпчевски ќе биде главен судија на мечот меѓу Вардар и Воска Спорт, Јован Качевски ќе биде главен во Кратово каде ќе играат Силекс и Шкупи, Димитар Пилешков ќе им суди на Шкендија и Пелистер во Тетово, Крумислав Ѓоргиев ќе им суди на Струга Трим Лум и Брера Струмица, а пак Александар Грујоски ќе биде задолжен за правдата на мечот меѓу Беса и Работнички.

Сите натпревари ќе се одиграат во сабота од 16 часот.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 4. КОЛО ПРВА ЛИГА 2024/2025:

Тиквеш – Гостивар, Марјан Младеновски (Скопје)
Вардар – Воска Спорт, Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Силекс – Шкупи, Јован Качевски (Струга)
Шкендија – Пелистер, Димитар Пилешков (Штип)
Струга Трим Лум – Брера Струмица, Крумислав Ѓоргиев (Штип)
Беса – Работнички, Александар Грујоски (Скопје)

Александар Ванев, М-Нет