Карате клубот Кочани на својот јубилеј од 25 години доби нова сала

Карате клубот „Кочани“ од Кочани на својот јубилеј 25 години постоење доби нова сала, со што во иднина овој клуб ќе работи во подобри услови, а со тоа да има и подобри резултати во иднина.

„Денеска сме тука по повод отварањето на новата сала на карате клубот „Кочани“ од Кочани, по постоењето на клубот веќе 25 години. Во оваа просторија ќе пробаме да почнеме да работиме многу подобро со подобри услови и мислиме дека тоа се што ќе го постигнеме тука ќе го реализираме на терените“, вели Каров.

Во тек е упис на нови членови во карате клубот „Кочани“, а досега има најава на 15 нови членови. Клубот во моментот има 25 членови, а со добивањето на новата сала се подобруваат и условите со оглед на тоа што бројот на членови се зголемува.

„Во тек е уписот на нови членови, каде што досега имаме најава на 15 нови членови и затоа оваа сала како што е поголема може да ги собери поголемиот број на деца, каде што би работиле од понеделник до петок секој ден по саат и пол“, додава Каров.

Клубот се подготвува за настап на државното првенство во Охрид за јуниори, кадети и У-21.

„На 31-ви имаме државно првенство за јуниори, кадети и У-21 кое ќе се одржи во Охрид, тоа е за пласман на Светско и Балканско првенство. Само првиот оди на Светско, а останатите од прво до трето одат на Балканско првенство.“

Интересот за каратето во Кочани се зголемува, добивањето на оваа нова сала ќе биде чекор напред кон развојот на овој спорт, но и подобри услови на каратистите од овој град за уште подобри резултати во иднина.

Александар Ванев, М-Нет